Во Кинотека почнува „Фестивалот на тркала“

Четири европски филмови денеска и утре бесплатно ќе се прикажуваат во рамки на деветото издание на „Фестивал на тркала“ кое годинава се одржува на 21 и 22 ноември во Кинотека на Македонија и онлајн преку посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net. Филмовите ќе бидат достапни онлајн до 27 ноември.

Фестивалската програма оваа година вклучува четири филмови, од кои два швајцарски, еден италијански и еден белгиски филм.

21 ноември – проекција на швајцарскиот филм „Маре“ (Mare), почеток  12 часот
Рутински, но со посветеност, Маре го води скромното домаќинство на своето мало семејство, иако новата машина за перење не е единственото што недостасува. Кога случајна средба ќе го разгори нејзиното либидо, таа не се воздржува долго.

21 ноември – проекција на детскиот италијански филм „Стакленото момче“ (Glass Boy) – почеток 15 часот

Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете.

22 ноември – проекција на швајцарскиот филм „Сигурност“ (Sekuritas) – почеток 12 часот

Канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.

22 ноември – проекција на белгискиот детски филм „Вселенско момче“ (Spaceboy) – почеток 15 часот

Џим е надарено 11-годишно момче со пасија за вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи. 

Фестивалот и оваа година го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје, во соработка со Кинотека на Македонија и поддршка на Град Скопје. 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе