Во Дојран прво издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“

Од денеска до недела, покрај брегот на езерото во Дојран, ќе се одржува првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“. Во рамки на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да гледаат филмови на автори, кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земји.

Станува збор за прв филмски фестивал од ваков формат во земјава, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината, а традиционално ќе се одржува во Дојран.

„Преку езерото“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент.

Како што соопштија организаторите на  фестивалот, за ова прво издание селектирани се девет исклучителни кратки филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот.

Во главната натпреварувачка програма се „А ла карт“ на Василис Циуварас и Таксиарис Делијанис од Грција,  „Пресуда“ на Дора Јунг од Србија, „Марко“ на Марко Шантиќ од Хрватска, „Перики“ на Ангела Димеска од нашата држава, „Виножито“ на Александар Вујовиќ од Црна Гора, „Криминалци“ на Серхат Караслан од Турција, „Што не знаеме за Маријам“ на Морад Мостафа од Египет, „Светиот син“ на Аљоша Масине од Италија и „Поглед од балкон“  на Арис Капланидис од Грција.

Покрај главната програма во склоп на фестивалот ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји, кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи и нации.

Во склоп на фестивалот ќе се одржи и мастерклас на тема „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот британски скрипт-консултатнт Џон Стивенс.

Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи грчкиот режисер Василис Мазоменос, а членови се Гоце Кралевски, продуцент и Ева Камчевска, сценарист. 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе