„Браќа Манаки“

Во Битола пристигна добитникот на златна „Камера 300“ за животно дело, Јоргос Арванитис

Синоќа во Битола пристигна вториот лауреaт на 40 –тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки", Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет.

Според фестивалската програма, денес претпладне во 11:30 часот во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, Арванитис ќе одржи мастерклас кој ќе биде отворен за публика.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека наградата златна „Камера 300“ на Јоргос Арвантиитис ќе му биде доделена на затворањето на фестивалот, в сабота на 21 септември.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе