Во Битола премиера на театарската претстава „Аудиција“

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе ја изведе премиерата на театарската претстава „Аудиција" од Александар Галин во режија на Благој Мицевски.

Во „Аудиција" ќе настапат актерите Јулијана Стефанова, Александар Копања, Марија Стефановска, Соња Ошавкова, Јулијана Мирчевска, Борче Ѓаковски, Петар Горко, Васко Мавровски и Соња Михајлова која ќе ја одигра улогата на Варја Волкова.

„Ликот на Варја Волкова го доживувам како предизвик, состојба која во животот секому се случува, конфликти кои треба да се разрешуваат, а самата аудиција претставува шанса за надминување на проблемите. Меѓутоа не секогаш во дадени околности, општествени или лични, можностите и реалноста не се преклопуваат и тоа доведува до расчекор кој содржи комични елементи, и тие верувам дека публиката која вечер ќе дојде на премиера ќе ги препознае, истакна актерката Михајлова во пресрет на премиерата на „Аудиција".

Режисерот Мицевски претставата ја подготви во соработка со драматургот Оливера Павловиќ, сценографот Валентин Светозарев и друг стручен кадар во Битолскиот театар.

„По завршувањето на премиерата, од утре почнуваме со подготовки на уште една театарска претстава. Станува збор за театарскиот проект „И коњите ги убиваат, зар не!?" кој се работи според романот на Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски“, информира Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе