ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто Владата не именува в.д. директор на Агенцијата за филм, кој го штити Тозија?

 Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се именува в.д. директор на Агенција за филм согласно позитивните законски прописи.

„Откако после бројните скандали и низата кривични пријави против Горјан Тозија, Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до Владата за негово разрешување, Владата собра храброст да донесе заклучок дека нема да му го продолжи мандатот на Тозија.

За малку и ќе не убедеа во нивните чесни намери, дека конечно одлучија да го прекинат молкот за скандалозното однесување и непрофесионалното постапување на Тозија, секако доколку на истата или барем наредната седница на Влада именуваа нов в.д. директор на Агенцијата за филм. Тоа беше законска обврска на Владата согласно член 17 од Законот за филмска дејност.

Но, за жал тоа не се случи. Владата распиша оглас за избор на директор на Агенцијата за филм, но што до изборот? Зошто не е именуван нов в.д. директор на Агенцијата за филм? На кого му оди во прилог овој празен период кој се создава во Агенцијата за филм и ја блокира целокупната филмска дејност? На што се должи огромната заштита на Горјан Тозија од страна на Владата и покрај низата укажувања и пријави за неговото незаконско работење од страна на филмски работници како и од страна на ДКСК“, се вели во соопштението на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе