Влада: Три милиони денари за екипата на „Медена земја“

Екипата на „Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на вчерашната седница.

За оваа одлука информираше министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејбук профил.

„Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот „Медена” на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди, напиша Ангеловска на Фејбук.

Документарниот филм „Медена земја“ не доби оскар, но беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе