„Вистинскиот запад“, претстава на неформална група на млади утре и задутре во МКЦ

Претставата „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, а во режија на Борис Василески премиерно ќе биде изведена на 26 и 27 септември, во 20 часот во МКЦ (Младинскиот културен центар).

Ликовите ги толкуваат младите Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, како и Тања Кочовска. Сценографијата и светлото се на Мартин Манев, костимографијата на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а постерот на Ана Јачева. Извршен продуцент е Ава Хусеини.

Драмата „Вистинскиот запад“, инаку номинирана за Пулицерова награда во 1983, како дел од овој проект за прв пат на македонски јазик е преведена од Марио Стојаноски.

„Сте се фатиле ли себе си во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува“, стои во најавата за настанот.

Следни датуми за изведба се во месец октомври. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе