Филмски успех

„Види ја ти неа“ влезе во официјалната програма на Санденс

Краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски, кој ја освои Наградата „Мала Камера 300“ на овогодишното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, влезе во официјалната селекција на краток филм на 34. Филмски фестивал во Санденс, САД.

Фестивалот ќе се одржи од 18 до 28 јануари 2018 година во Парк Сити, Јута, САД, а е во организација на институтот „Санденс“, основан од страна на реномираниот актер Роберт Редфорд. Овој фестивал има за цел да ја поврзе публиката со уметниците во креирањето на нови идеи, откривањето на оригинални изрази и градењето на заедница посветена на независниот филм.

Во Интернационалната компетиција на краток филм ќе се прикажат 17 филмови од целиот свет, меѓу кои и „Види ја ти неа“.

„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.

Горан Столевски е млад режисер роден во Македонија, има дипломирано на Универзитетот во Мелбурн, а дипломирал филмска и телевизиска режија на Викторијанскиот колеџ за уметности во Мелбурн. Живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.

Досега има реализирано повеќе од дваесет кратки филмови, прикажани и наградувани на повеќе интернационални фестивали. Неговиот кратмометражен филм „Ти заслужуваш сѐ“ беше прикажан на 64. Интернационален филмски фестивал во Мелбурн, Австралија, каде ја доби Наградата за најдобар режисер, „Слика на добра жена“ влезе во потесна селекција на Канскиот филмски фестивал во 2008. Горан оваа година учествуваше во Талент Кампус во рамските на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин.

Улогите во филмот „Види ја ти неа“ ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.

Горан Столевски се потпишува и како сценарист на филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.

Филмот е во продукција на „Црна мачка продукција“, копродукција со „Скопје Филм Студио“, а финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе