Велешкиот театар со „Синиот портокал“ на „Бела ноќ“ во Скопје

Во сабота, на 6-ти октомври, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20 часот, театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес ќе настапи на манифестацијата „Бела ноќ“ со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е една од најизведуваните претстави на велешкиот театар со над 40 изведби на репертоарот на театарот. Претставата досега беше изведена и во Центарот за култура во Радовиш, фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Скопско лето“, Македонското културно лето во Албанија, фестивалот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, како и на фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница.

За улогата на Ерџан, актерот Фаик Мефаилоски ја доби и наградата за најдобро актерско остварување на Македонското културно лето во Албанија.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе