Вечерва се отвора јубилејното 30. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков"

Завесата на Фестивалот камерен театар „Ристо Шишков" ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински" со претставата „Глембаеви", варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац, а Фестивалот свечено ќе биде отворен со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати.

Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков" традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од Бугарија и Косово. 

„Годинава имаме богата програма, девет претстави во конкуренција и една балетска претстава за затворањето и во чест на наградениот актер за највисоко остварување. Имаме претстави од театрите од Битола, Прилеп, Скопје,Велес, неколку независни продукции, како и гостувања од Бугарија и Косово и една копродукциска претстава. Се надевам дека понудената програма ќе предизвика интерес кај публиката, а во Центарот за култура 'Антон Панов' ќе се одиграат сите претстави“, рече директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков.

Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков", која се состои од зладен медалјон со ликот на Шишков и парична награда од 1.500 евра, се триесетина актери. Жирото ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов" со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе