Вечерва проекција на „Северен пол“ во МКЦ

По светската премиера во oфицијалната селекција во Кан на најпрестижниот светски филмски фестивал, регионалната премиера во Сараево, италијанската премиера на фестивалот Конкорто во Пјаченца и македонската премиера на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола, денес во МКЦ парк скопската публика ќе може да го види филмот „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска.

По оваа проекција следуваат учества и во официјалните селекции на фестивалите во Тирана, Рекјавик, Батуми и други реномирани фестивали.

Главните улоги ги толкуваат: Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија Владимир Самоиловски, костимограф Билјана Гргур, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, шминка Горан Игњатовски, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е во продукција на „Кино око” во копродукција со „Сервиа филм” и „Форгрејд” од Србија и „Тиволи продукција” од Унгарија. Финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Српскиот филмски центар.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе