Вечерва премиера на ТВ серијата „Генерација бушави“

Во киното „Милениум“ вечерва премиерно ќе биде прикажана македонската телевизиска серија „Генерација бушави“. Серијата обработува повеќе теми и има шест епизоди од кои првите четири се самостојни приказни кои се поврзуваат во петтата и шестата епизода.

„Ние сме група млади креативци кои во скоро време основаа филмска продукција. Веќе четири години работиме на проект, ТВ-серијал наречен „Генерација бушави“, кој обработува повеќе теми, а неколку од нив се бурниот живот на младите во кој пристапот до наркотици е лесен, злоупотребата на моќ и секојдневието на еден тинејџер“, велат од Тимот на Марви.

Проектот е финансиски поддржан од Комисијата на Европската Унија (EU WITH YOU), а на вечерашната премиера ќе бидат прикажани првите две епизоди. 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе