Вечерва премиера на претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ во битолскиот театар

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на големата сцена „Благоја Стефановски-Баге“ премиерно ќе ја изведе театарската претстава „И коњите ги убиваат, зар не?“ работена според романот на  Хорас Мек Кој, а во режија на Мартин Кочовски.

Станува збор за театарски проект, кој го пресликува периодот од големата депресија во САД и тамошната криза, најави Иван Јерчиќ, директор на битолскиот театар.

„Ликовите се во трка за подобар живот, во натпревар на издржливост, а со цел да ја освојат главната награда. Но, оваа претстава ја третира нашата генерација, луѓето родени во 70-те и почетокот на 80-те години од минатиот век, и сегашната позиција во општеството кое во последниве триесет години е во депресија и летаргија. Претставата е посветена на проблемите кои не засегаат“, посочи Јерчиќ.

Во „И коњите ги убиваат, зар не?“ настапуваат актерите Илина Чоревска, Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Марија Стефановска, Филип Мирчевски, Анастазија Христовска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

Подготовката на претставата е поддржана од Министерството за култура. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе