Вечерва почнува меѓународниот филмски фестивал „Анимакс Скопје фест“

Под мотото „Каде бајките оживуваат“ ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“. На Фестивалот ќе бидат прикажани 25 анимирани филмови во официјалната програма и девет анимирани филмови наменети за детската публика.

Филмовите во официјална конкуренција се избрани од огромен број анимации, меѓу кои и од Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил.

Голем дел од филмовите кои се борат за „Златната тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.

Годинашната жири комисија ја сочинуваат Мими Ѓорѓовска Илиевска, Лазе Трипков и Илчо Симовски.

Официјалната програма почнува во 20 часот, а проекцијата на филмови за деца ќе се одржи утре со почеток од 17 часот кога публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца.

„Анимакс Скопје фест“ е прв фестивал на анимиран филм во земјава. Целта е да се подигне свеста и културата за анимираните филмови за возрасни и деца. Фестивалот го организира продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје и Кинотека на Македонија и со поддршка од Град Скопје.

Фестивалот ќе се одржи во Кинотеката, а проекциите се бесплатни. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе