Битола

Вечерва почнува ИФФК „Браќа Манаки“

Со перформанс подготвен од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ и со доделување на наградата „Златна Камера 300" за животно дело која ќе му биде врачена на светски познатиот американски кинематограф Едвард Лакман, вечерва во Битола почнува 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки".

Во Битола од синоќа пристигнуваат фестивалските филмски ѕвезди како што е Хозе Луис Алкаине, кинематографер на филмот „Болка и слава“ од Педро Алмодовар, кој воедно ќе биде и првата фестивалска проекција на големото платно во битолскиот Центар за култура. Во кино салата меѓу гостите ќе бидат и ирскиот режисер и филмски драматург Џим Шеридан, потоа режисерот Фатих Акин, филмаџии од државата и странство, филмофили и студенти од академии за филм и филмска уметност во Европа.

Филмовите во конкуренција ќе ги оценува меѓународно жири предводено од Лакман, а во одлучувањето ќе му помагаат и Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Македонија.

„Ноќеска вршевме последни подготовки за пречек во кино салата. Подготвени сме и вратите ќе бидат отворени за сите што со нетрпение и возбуда го очекуваат почетокот на фестивалот на кинематограферите од светот“, велат од Центарот за култура-Битола во чии простории се одржува фестивалот„Браќа Манаки“.

Со одлука на организаторот, на јубилејниот фестивал ќе биде доделена Златна „Камера 300“ и на француско-грчкиот директор на фотографија Јоргос Арванитис, а со одлука на Друштвото на филмски работници на Македонија, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ќе му биде врачена на композиторот Љупчо Константинов.

Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстар фестивал во светот посветен на филмските кинематографери кој прв пат се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки. Од 1991 година фестивалот има натпреварувачки карактер.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе