Вечерва на „Македокс“ премиера на филмот „Нејзиното семејство 2010-2019“

 „Нејзиното семејство 2010-2019“ е филмот на Елизабета Конеска кој вечер во 20:30 часот премиерно ќе биде прикажан во летното кино на Кинотеката, како дел од програмата на 11. фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.

Во паркот на МКЦ, пак, вечер во 21 часот ќе биде прикажан филмот „Професорот“ на Јордан Дуков.

Документарниот филм „Нејзиното семејство 2010-2019“ е снимен по сценарио и во режија на Елизабета Конеска, монтажата е на Блаже Дулев, а во продукција на НУ Музеј на РСМ.

„Мерѓузел е традиционална, но силна жена која сака и се обидува да се еманиципира себеси. Во константна потрага по подобар живот, заедно со членовите на своето семејство, таа го менува своето/нивното место на живеење веќе 10 години. Но, колку е успешна потрагата и како се соочуваат со предизвиците“, се наведува во соопштението на „Македокс“.

„Професорот“ на Јордан Дуков е филмско првенче на продукцијата „Кадар“. Филмот, како што посочуваат од „Македокс“, е посветен на гевгелиската легенда Илија Џаџев и на звуците на неговата хавајска гитара. Илија Џаџев по професија бил професор по географија, но неговите гевгелиски современици го паметат како уметник, како поет со слободна душа и како последниот македонски трубадур.

На „Македокс“ филмот се прикажува во категоријата Нови автори.

„Во Парк МКЦ поставена е изложба на постери за годинашното издание на „Македокс“. Автор на постерите е Самир Карахасан, додека истражувањето беше направено во соработка со Иститутот по биологија на Природно-математичкиот Факултет (ПМФ) во Скопје. На постерите се прикажани микроскопски слики од кромидот и неговата внатрешност“, соопштија од „Македокс“.

Овој фестивал е поддржан од програмата МЕДИА на Креативна Европа, Институтот „Јунус Емре“, Амбасада на Кралството Холандија, Град Скопје, Амбасадата на Република Чешка во Софија. Пријатели на фестивалот се Музеј на РСМ и Археолошкиот музеј.

Билети за проекциите во онлајн продажба може да се набават преку мрежата mktickets.mk.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе