Вечерва балетски перформанс Метаморфоза на Ивана Коцевска

Денес, со почеток во 20 часот, во Македонска опера и балет ќе се одржи современиот балетски перформанс Метаморфоза - кореографија на Ивана Коцевска.

Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти. Делото се бави со соматското истражување низ техниките и анти-техниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е јукстапозиција на кохерентното, иако се бави со симетрија и асиметрија во кореографијата, но и во изведбата. Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет, односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и де-вертикализирано.

Концепт и кореографија: Ивана Коцевска

Музика: Филип Глас, Иван Пенов

Пијано : Дино Имери

Костимографија: Милена Атанасова

Фотографија/ постер : Сашо Алушевски 

Танчери:  Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев,Теодора Ставревска, Ивана Коцевска

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе