Вебинар за состојбите во филмскиот сектор во Македонија за време на пандемијата

Филозофскиот филмски фестивал денеска во 11,30 часот ќе организира вебинар на тема „Ковид-19 и филмскиот сектор во Северна Македонија“, на кој ќе се отворат прашањата дали фестивалите треба да се откажат, одложат или да се изведат онлајн.

Ќе се дебатира и за тоа како домашните и европските институции одговорија на ковид кризата. Ограничувањата како потенцијал за креативноста? „Новата нормала“ и реосмислувањето на филмската индустрија? Како сакаме да го замислиме филмскиот сектор во иднина, информираат организаторите.

Вебинарот ќе го модерира Ана Дишлиеска Митова, а ќе учествуваат: Анита Стојческа-Агенција за филм, Игор Иванов (режисер, ДФРМ/ Манаки), Бистра Георгиева (МЕДИА Деск МК), Владимир Љ. Ангелов (Кинотека), Саша Станишиќ (Катавеј/ Cinesquare), Стефан Палитов (режисер), Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал), Дарко Набаков (МакеДокс), Атанас Георгиев (продуцент)  и Русе Арсов (МКЦ/Синедејс). 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе