В четврток премиера на филмот „Ефектот на среќа“ на режисерот Борјан Зафировски

Премиерата на играниот филм „Ефектот на среќа" (The Happiness Effect) на македонскиот режисер Борјан Зафировски ќе се одржи во четврток (7 ноември) во кино „Милениум" во Скопје. Со ова остварување ќе биде отворено годинешното издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс".

Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Дејана Попоска, Ана Стојановска и Сара Анастасовска. „Ефектот на среќа“ е приказна за една млада девојка која пробува да ја декодира формулата на среќата и филмот ја анализира моќта на позитивното размислување.

„Ефектот на среќа" е во продукција на „Ново македонско видео", а копродуценти се: „Њу момент“, V House Animation, Living Pictures, Montenegro Max Film и B2 – PR and Media Solutions. Филмот е поддржан од: Агенција за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово. 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе