Утре промоција на новата книга на Коле Ангеловски „Педесет години во драмски...и клоцата во...“

Во бифето на Драмски театар – Скопје утре во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Педесет години во Драмски... и клоцата во..." на Коле Ангеловски, македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер, сценарист, писател, раскажувач и амбасадор на македонската култура.

Книгата, чиј приредувач, уредник и рецензент е Свето Стаменов, е своевиден автобиографски запис за педесетте години што легендата на македонскиот театар ги помина во Драмскиот театар во Скопје како актер и како режисер, но и приказна за самиот театар, за луѓето во него, за претставите кои ги режирал, за успесите и наградите, но и за разочарувањата што ги доживеал. Самиот автор за книгата вели:     

„Мојот живот во Драмски, пред се, беше огромната љубов кон Театарот и луѓето во него, ова е многу субјективна  и носталгична приказна, работите мене ми се случувале и ако во овие мои писанија некој се почувствува навреден или обесправен да знае дека не е со зла мисла, а може да е со намера.

Ова е приказна за луѓето во Драмски, директорите, актерите, техничките директори, сценските работници, инспициентите, електричарите, тонските мајстори, шивачите, шминкерите, реквизитерите, администрацијата, чистачките, портирите... за ходниците, тајните места во театарот, чигите, рефлекторите, прашината, провевот... за бифето, разговорите, песните, кавгите и тепачките... Ова е приказна за претставите, пробите, животот во Театарот, за патувањата, турнеите, гостувањата, фестивалите...

            Сето ова јас го доживеав, но кој знае, можеби и не било баш така?!“

Во книгата се објавени педесетина фотографии од најзначајните претстави што Коле Ангеловски ги режираше на сцената на Драмскиот театар, а содржи и индекс на театарски текстови што тој ги напишал и на театарски текстови што тој ги превел.

Промотори на книгата „Педесет години во Драмски... и клоцата во...“, се Сашо Тасевски, актер во Драмскиот театар, и Тодор Кузманов, новинар и театролог, а на промоцијата, која е замислена како разговор со авторот, ќе настапат и повеќе актери на Драмскиот театар.

Излегувањето на книгата „Педесет години во Драмски... и клоцата во...“ беше овозможено со финансиски средства на Министерството за култура.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе