Утре премиера на „Колку убав погреб“ во Штип

Во Домот на младите во Штип утре ќе се одржи премиерната изведба на театарската претстава  „Колку убав погреб“, работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски.

„Колку убав погреб“ е драма која зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. На еден погреб, тој ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш. Апсурдна приказна за една искрена љубов во едно труло општество, полно со омраза и предрасуди.

Сценографијата е на Ристе Мицевски, а играат Јасмин Рамани, Ивана Стамевска, Ристе Мицевски, Елена Ѓорѓевска, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Марјан Анѓеловски.

Претставата е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе