Утре на ТВ Телма ексклузивна светска ТВ-премиера на „Медена земја“

Документарниот филм „Медена земја“ утре (18 април) ќе ја има својата светска ТВ-премиера на телевизија „Телма“. Првото и ексклузивно телевизиско прикажување на најуспешниот македонски документарец ќе биде со почеток во 19.20 часот.

Инаку, документарецот го гледаа вкупно 45.200 гледачи во кината и во домовите на култура, во 30 градови низ Македонија. Филмот беше на репертоарите на кината во Скопје повеќе од 13 недели. Другите градови во кои се прикажа „Медена земја“ се: Битола, Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Куманово, Охрид, Свети Николе, Делчево, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Богданци, Крушево, Радовиш, Кичево, Прилеп, Пехчево, Гевгелија, Виница, Валандово, Берово, Демир Хисар, Струмица и Кавадарци.

Македонскиот документарец светската премиера ја имаше на „Санденс“ во јануари минатата година, каде што освои три престижни награди. Во Македонија премиерно беше прикажан на фестивалот „МакеДокс“ минатиот август. Филмот учествуваше на повеќе од 80 филмски фестивали и освои над 40 меѓународни награди.

„Медена земја“ е првиот документарен филм во светската историја што добил две номинации за „Оскар“ – за најдобар документарен филм и за најдобар интернационален филм.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе