Успешна премиера на филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ во Франција

Во францускиот град Нанси синоќа на јубилејното 25-то издание на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси (ФИФН), филмот на Куштрим Бектеши „Незаборавна пролет во заборавено село“ имаше успешна француска премиера.

Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија  на Куштрим Бектеши беше прикажан во официјалната ревијална програма „Под ѕвездите“, која е една од најгледаните на фестивалот во Нанси, ја освои фестивалската публика.

Филмот е македонско-косовско-албанска копродукција и финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, Центар за Кинематографија на Косово, Национален центар за кинематографија на Албанија, Радиотелевизија на Косово, Македонска Радиотелевизија 2 и Радиотелевизија на Албанија.

Филмот е во продукција на Мануфактура Продукција (Северна Македонија) и Сашо Павловски, во копродукција со Медиа&Филм Продукција (Косово) и Мумин Јашари, Ска-ндал Продукција (Албанија) и Генц Пермети, и Скупифестивал (Македонија) со Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети.

Директор на фотографија е Алмир Џиколи, композитор Тримор Доми, монтажер Радован Петрович, сценограф Дурим Незири, костимографка Жаклина Крстевска, дизајнер на звук Дарко Спасовски.

Во филмот играат голем број актери од Македонија, Косово, Албанија и Бугарија, меѓу кои и Осман Ахмети, Адем Карага, Амернис Нокшиќи Јовановска, Флора Кадриу, Блерим Дардишта.

На ФИФН во меѓународната натпреварувачка селекција на кратки филмови се прикажува филмот „Една“ на Вук Митевски, во конкуренција со 30 други филмови, избрани меѓу 2800 пријавени филмови за оваа програма.

Утревечер на фестивалот во Нанси премиерно во Франција ќе биде прикажан во  натпреварувачката официјална селекција на европски документарни филмови „Медена Земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кој ќе ја има честа да биде прикажан и на затворањето на фестивалот во сабота.

Публиката на ФИФН е навикната да гледа македонски филмски продукции, кои се редовно застапени на големиот екран, а неколку македонски филмови заминаа и со награди од фестивалот. 

Со филмскиот фестивал во Нанси Франција, волонтерски раководи Тони Гламчевски – новинар и дописник на МИА и на МРТ од Франција, кој ја врши функцијата претседател и уметнички директор на фестивалот од 2013 година, што дозволи отворање на вратата за повеќе македонски филмови на француските кино екрани.

На Меѓународниот филмски фестивал од Нанси (30 август до 8 септември) годинава се прикажуваат околу 170 филмови од над  60 земји, со посебен фокус на Јужна Кореја. Половината од филмовите се краткометражни во различни натпреварувачки категории, посебна селекција за млада публика, има натпреварувачка европска селекција на документарни долгометражни филмови, престижната селекција „Под Ѕвездите“  – проекции на отворено.

Целта на фестивалот од Нанси е надминување на  границите и предрасудите. Затоа, програмирање има за цел отворање кон светот.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе