Украина - земја во фокусот на МакеДокс

Амбасадата на Украина во земјава, заедно со заедницата на Украинци „Лесја Украинка“ во организација на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс иницираа уникатен настан посветен на украинскиот документарен филм со цел промовирање на украинските традиции, култура и кинематографија во Северна Македонија.

Амбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задорожњук, вчера ја отвори украинската документарна програма во рамките на фестивалот МакеДокс.

„Среќни сме што имаме многу добри резултати во развојот на украинско -македонските односи - активен политички дијалог, зголемена економска соработка, зајакнување на соработката во областа на културата. И денешниот настан е потврда за тоа. Украинската документаристика се развива многу брзо. За прв пат во нашата пријателска земја се претставени ваков број документарни филмови од Украина. Овие филмови се едни од најдобрите не само во Украина, туку и во светот. Сигурна сум дека за време на презентирањето на украинската документаристика, комуникацијата во живо, ќе се појават нови интересни идеи за понатамошна билатерална соработка, реализација на нови заеднички проекти. Амбасадата на Украина, од своја страна, ќе придонесе за ова колку што е можно повеќе“, изјави Задорожњук.

На Фестивалот учествуваа украинските режисери Гана Јарошевич, Зоја Лактинова, Алина Горлова и Оксана Карпович лично учествуваа на фестивалот. Според амбасадорката Задорожњук, „ништо никогаш нема да ја замени живата комуникацијата, размената на мисли и емоции во живо, особено во нашето тешко ковидно време, кога сите сфери на животот се ограничени“.

Во рамките на украинската програма на филмскиот фестивал беше отворена изложба на украински уметници и занаетчии кои живеат во Северна Македонија (Снижана Мелник, Маријана Велковска, Тетјана Урбанович).

Инаку, настанот се одвива во рамките на одбележувањето на 30-тата годишнина од независноста на Украина, а по истиот повод од 13 до 16 август во Кинотеката на Северна Македонија беа претставени филмовите на познатиот украински режисер Олександр Довженко.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе