Три нови награди за играниот филм „Дедо и Внук“

Режисерот Илија Пиперкоски доби признание за извонреден придонес во светот на филмот.

Две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) доби режисерот Илија Пиперковски за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од фестивалот Четврта димензија независен филмски фестивал (4-th Dimension Independent Film Festival и на Тагоре меѓународниот филмски фестивал (TIFF -Tagore International Film Festival) во категоријата за најдобри наративни играни филмови.

Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење, потенцираат од фестивалот.

Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално почна светската промоција на првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Пиперкоски. По втор пат, наградата за најдобар директор на фотографија – кинематографер ја доби Патру Паунеску, токму за филмот „Дедо и внук“ на европските награди за кинематографија.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред  10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Зад продукцијата на филмот стои Пандора бокс (Pandora’s Box), продукција од Охрид во соработка со Дрим фектори (Dream Factory) од Скопје и Елиен филм (Alien Film) од Романија.

https://youtu.be/OXWgtjbeirI

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе