За својот настап во салата на „Академско позориште СКЦ“ во Ниш, според одлуката на жири комисијата, во состав: Даниел Јовановиќ (претсдател), Љиљана Милосављевиќ (член) и Јелка Кузмановиќ – Цветковиќ (член), претставата „Самоубиство во самоодбрана“ освои 3-то место во конкуренцијата за најдобра претстава за млади, авторот Марјан Анѓеловски доби награда за најдобар оригинален драмски текст, а актерот Огнен Велевски доби награда за актерска бравура.
Сценографијата на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ е дело на Ристе Мицевски. А улогите ги играат актери од ансамблот на алтернативен театар „Отпишани“ – Скопје, Петра Ивановска – во улога на Александра, Марјан Анѓеловски – во улога на Веселин, Јасмин Рамани – во улога на Горјан и Огнен Велевски – во улога на Ева.
Претставата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес
од областа на драмската дејност за 2021 година.