Реакција

Тозија: Никогаш не сум исплатил средства без банкарска гаранција, барам извинување од ТИ

Од целата своја фела добиваме поддршка за своето работење, а особено за спроведувањето на ковид– 19 мерките кои се слични со други европски агенции за филм, што е директен фидбек дека се работи за вистински решенија во вистинско време. Агенцијата за филм постои за македонскиот филм и за луѓето што работат во оваа област. Што се однесува до правното и финансиското работење на Агенцијата, во целост се запазуваат постапките пропишани со закон, вклучувајќи ги и постапките за склучување на договори и исплата на парични средства врз основа на таквите договори, се вели во реакцијата на Агенцијата за филм по најавата на Транспаренси интернешнл (ТИ) дека поднесе кривична пријава за незаконското работење на управителот Горјан Тозија.

Агенцијата за филм соопштува дека неколку медиуми водат негативна кампања за тоа дека Агенцијата наводно финансирала повеќе од 30 филмски проекти спротивно на Законот за филмска дејност, без да биде обезбедена банкарска гаранција од корисниците на средства, при што наводно е оштетен буџетот. Ваквото тврдење не само што е целосно невистинито, туку е објавено и спротивно на закон, соопшува Агенцијата за филм.

„Никогаш не сум интервенирал во договорите кои се склучени со Агенцијата за филм, не сум вршел промена на текстот на договорите и никогаш не сум вршел исплати на средства надвор од договорите, а договорите секогаш биле склучувани во потребната форма. Воедно, никогаш не сум одобрил исплаќање на средства без банкарски гаранции, како што се наведува во соопштението”, изјави Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

„Транспаренси интернешнел нема право по закон да постапува по некаков „допрен глас“ и притоа, изнесувајќи во јавноста непотврдени и непроверени тврдења, без да ја контактира Агенцијата за филм и г-дин Горјан Тозија, како в.д. директор, да се става во улога на орган на прогон. Но, затоа надлежните органи би требало да проверат дали Транспаренси интернешнл криејќи се позади наводната грижа за општо добро во суштина ги протежира и штити интересите на определени поединци кои имаат и те каков интерес да се наштети на г-дин Горјан Тозија и на дел од филмските работници.

Оттука, a и со оглед дека во соопштението се изнесени невистинити информации со кои се нарушува честа и угледот на директорот на Агенцијата, ќе се бара извинување од страна на Транспаренси интернешнел Македонија за изнесените информации“, се вели во соопштението на Агенцијата за филм.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе