АУРИПИГМЕНТ ПРОДУКЦИЈА

„Тинтири Минтири“ организира натпревар за деца за најдобра изведба на монолог

Филмското училиште „Тинтири Минтири“ и „Аурипигмент продукција“ од Скопје организираат натпревар за најдобра изведба на монолог со времетраење од 1 минута, а во изведба на деца до 18 години. Натпреварот ќе се одржи на 24 декември 2016 година (сабота) во Македонска телевизија (во студио на 7ми кат), а ќе започне во 11 часот.

Право на учество на натпреварот за најдобра изведба на монолог имаат сите деца до 18 годишна возраст. За учество потребна е потпишана дозвола од родител/старател.

Според правилата на натпреварот, секој натпреварувач треба да изведе монолог со времетраење од околу 1 минута, според сопствен избор на текст, извадок од одредено дело или оригинално напишан.

Натпреварувачите ќе бидат оценувани од страна на тричлено стручно жири во состав Горан Трифуновски, актер, Александра Павлова, актерка, и Кузман Кузмановски, режисер. Исто така, ќе може да се гласа и за видео материјалите кои вирално ќе се споделуваат. Тројца финалисти ќе бидат наградени.

Сите заинтересирани можат да го пријават учеството најдоцна до 22 декември, на мејлот kc.tintirimintiri@gmail.com. За пријавување треба да се остават следните податоци: име и презиме на дете, возраст на дете, име и презиме на родител, активна мејл-адреса и контакт телефон.

Монолог е говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, како форма на драма. Монологот го изведува лик што директно ѝ се обраќа на публиката или ги искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки.

Филмското училиште „Тинтири Минтири“ обучува деца и млади од 6 до 18 години во сферата на аудио-визуелните уметности. Примарна активност на „Тинтири Минтири“ е едукација во сферата на филмска и ТВ глума, филмско и ТВ сценарио, филмска и ТВ режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап. Филмското училиште „Тинтири Минтири“ е поддржано од Агенција за филм на Република Македонија.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе