Од Театарот „Сенки и облаци" велат дека обете изведби на „Алиса и чудата" поминале одлично, со полна сала публика, меѓу кои имало деца и возрасни.
Гостувањето на претставата „Алиса и чудата" во руската престолнина е поддржано од македонското Министерство за култура.
Во Московскиот детски театар на сенки (Московский Детский Театр Теней), кој е единствениот руски професионален државен театар за сенки кој постои дури 80 години, деновиве се одржува третиот Меѓународен фестивал на сенки.
Фестивалот беше отворен со спектаклот „Никогаш ненапишана приказна" посветен на 200-годишнината од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски.