„Театар комедија“ со мјузиклот „Боливуд“ гостува во Црна Гора

Првиот мјузикл во НУ „Театар Kомедија" - „Боливуд", во режија на Наташа Поплавска, вечерва гостува на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Мјузиклот „Боливуд" премиерно беше изведен во ноември 2019 година во „Театар комедија“ и по непредвидената пауза заради пандемијата, „Боливуд" месецов се врати на сцената на „Театар комедија“ каде редовно се игра.

Во претставата играат актерите Жаклина Стефковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.

Автор на текстот е Маја Пелевиќ, музиката е на Огнен Анастасовски,  кореографијата и костимографијата е на Наташа Поплавска, сценографијата и видео анимацијата на Емил Петров, а светло дизајнот на Милчо Александров. Преводот на текстот и препевот на сонговите го направија Наташа Илијевска и Наташа Поплавска.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе