Театар Комедија лани имал рекордна посетеност

Театар Комедија соопшти дека минатата година имал рекордна посетеност односно 46.609 гледачи и 179 изведени претстави. Ансамблот на овој театар во 2019 имал пет премиери – четири на големата сцена и една на мала сцена.

Според анализата на театарот, посетеноста лани во споредба со 2018 била поголема за 16,6 проценти, а во однос на 2017 за 60 отсто, а бројот на изведени претстави пораснал за 28,8 проценти споредено со 2018 односно за 62,7 проценти во однос на 2017 година.

Со овие бројки кои ги утврди комисијата за аналитика при Одделението за маркетинг и продукција во институцијата, може слободно да се потврди дека НУ Театар Комедија бележи огромен раст во својата работа и целосно го заслужува епитетот најпосетуван театар во земјава, соопшти Театар Комедија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе