Министерката за култура имаше средба со вработените

„Театар комедија“ ќе продолжи со нормална работа, објавен е конкурс за нов директор, вели Стефоска

По разрешувањето на Нора Шаќири Марковиќ од функцијата директорка на „Театар комедија“ и назначувањето на актерката Магдалена Ризова Черних за в.д. директорка, како и по реакциите на вработените, денеска министерката за култура Ирена Стефоска беше во театарот на средба со вработените. Стефоска ги информирала вработените дека денеска е објавен јавен оглас за нов директор со полн мандат на националната институција и ги повика вработените да конкурираат. Привремено со театарот ќе раководат Магдалена Ризова Черних и Дарко Јан Спасов

Министерката за култура, Ирена Стефоска и вработените во НУ „Театар комедија“ се договорија во следниот период да го одржат професионалното ниво на соработка и високото реноме на институцијата, информираат од Министерството за култура.

„Денеска, согласно Законот за култура, е објавен јавниот оглас за нов директор со полн мандат од 4 години. Беше договорено, за времетраењето на Огласот, што е 15 дена, в.д.директор на установата да е актерката, од редот на вработените, Магдалена Ризова Черних, а уметнички раководител да е драматургот Дарко Јан Спасов“, кажала Стефоска пред вработените.

Од министерството информираат дека министерката Стефоска и ансамблот на НУ „Театар комедија“ изразуваат искрена желба на јавниот оглас да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите и најквалитетниот кандидат да биде избран за директор со редовен мандат.

„На тој начин, еден од омилените театари во земјава ќе продолжи со успешниот репертоар, за кој низ годините се бара карта повеќе“, вели Стефоска.

Практично, одлуката на министерката Стефоска за јавен конкурс е во насока на барањето на вработените во театарот.

Средбата на Стефоска е реализирана откако пред два дена таа ја разреши од функцијата в.д.директор Нора Шаќири Марковиќ, која за МКД.мк реагираше дека разрешувањето претставува класичен реваншизам поради тоа што нејзиниот брат Бени Шаќири беше кандидат за градоначалник на Скопје.

Oбразложението на одлуката го отфрли како неточно и најави тужба пред Управниот суд. Рече дека успеала да врати наследен долг од 200 илјади евра и да го врати тетарот со премиери пред публиката.

Истиот ден реагираа вработените во театарот со поддршка за Шаќири Марковиќ и, со барање, „ако веќе Министерството за култура смета дека Нора Шаќири не е соодветен кадар за оваа позиција, тогаш да се распише конкурс, а во меѓувреме директор да биде драматургот Дарко Спасов“.

П.Џ.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе