Светска премиера на филмот на Калтрина Красниќи на фестивалот во Венеција

„Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи ќе има светска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција. Првиот долгометражен филм на Красниќи кој е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ќе има вкупно девет проекции во рамките на фестивалските денови во Венеција.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Во филмот главната улога е Вера, играна од страна на актерката Теута Ајдини – Јегени, Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематограф Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Дрим Фектори, односно Огнен Антов.

„Живеам во една мала чудесна земја, каде невозможното станува возможно. Каде далечината е блиску, каде желбата станува реалност, каде сонот станува јаве. Немојте да престанете да сонувате! Мене ми се оствари желбата да бидам дел од одлично сценарио а и да стапнам на црвениот тепих“, вели Теута Ајдини-Јегени.

Директорот на Агенција за филм – Бојан Лазаревски истакна дека со ова учество на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција на некој начин се заокружува филмската фестивалска година.

„Новиот филмски бран, продолжува, а го обележуваат дебитанти, млади автори и што ми е особено драго – сѐ повеќе женски автори. Драго ми е што Агенцијата за филм го препозна овој ко-продукциски проект, прв долгометражен филм на режисерката Калтрина Красниќи со кој се надевам сите ќе се гордееме“, изјави Лазаревски.

Филмот е влезен во официјалната селекција на 78. издание на Фестивалот во Венеција во категоријата Хоризонти и третира тема која всушност е една од носечките елементи на овогодинешното издание на фестивалот.

Интернационалниот филмски фестивал во Венеција се одржува од 1 до 11 септември 2021, а светската премиера на „Вера сонува за морето“ е на осми септември.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе