КИНО

Страствениот документарец „Нашето последно танго“ од 7 септември ќе се прикажува во домашните киносали

Кого публиката доаѓа да види кога станува збор за танци во двојка? Тоа е болното прашање кое го поставува „Нашето последно танго“, страствен, креативен документарец во режија на Герман Крал за танцовата двојка Марија Нивес и Хуан Карлос Копес, која го популаризираше аргентинското танго низ целиот свет. Од 07 септември филмот игра во киносалите низ републиката во дистрибуција на „КТ Филм и Медиа“.

Танцовата двојка Марија Нивес и Хуан Карлос Копес беа чести гости на американската телевизија во раните 1960-ти и помогнаа мјузиклот „Танго Аргентино“, номиниран за наградите „Тони“, да заигра на Бродвеј во 80-тите години. Но, нивното сценско-романтично партнерство беше прекинато од многуте неверства на Копес. Конечно, тој одлучи да продолжи - успешно - без неа.

Филмот на Герман Крал нуди некои основни информации за тангото и објаснува како Копес го премислил танцот за да се прилагоди на популарната култура што се развивала. Но, „Нашето последно танго“ е повеќе приказната на Нивес...

Дистрибуцијата на филмот во Македонија е помогната од „Герман Филмс“.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе