Столевски: Ги одбив продуцентите од Холивуд кои ми понудија пари филмот да не го снимам на македонски јазик

Веројатно не сте слушнале за австралиски режисер Горан Столевски. Но, писателот-режисер, роден во Македонија, израснат во Мелбурн, доби признание за неговиот прв долгометражен филм „Ти нема да бидеш сама“, кој го сними во Србија откако ја одби понудата од 3 милиони долари од холивудски дистрибутер, пишува австралискиот весник  Сандеј морнинг хералд.

Натприродната фолк-хорор приказна, за една девојка која ја менува формата во едно македонско село од 19 век, беше одлично рецензирана по прикажувањето во САД, по премиерата на филмскиот фестивал Санденс кога филмските критичари ги употребија термините како „воодушевувачки“, „диво оригинален“ и „воодушевувачки“.

Филмот беше исто толку топло прифатен на филмскиот фестивал во Сиднеј, кој заврши  неделава.

Вториот филм на Столевски, геј драмата за полнолетството, „Of an Age“, е избран да го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Мелбурн во август. Филмот е снимен лани во североисточното предградие на Мелбурн.

Столевски сега го снима третиот филм, квир драма „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners), во Скопје, Македонија, а веќе зборува за следните два филма кои очајно сака да ги сними од 13-те сценарија што ги напишал.

Сето ова изгледа како успех преку ноќ. „Веќе 20 години сум подготвен да станам успех преку ноќ“, вели Столевски на повикот на зум од Скопје.

36-годишниот филмаџија, кој на девет години пристигна во Австралија од Макеоднија, е збунет од она што му се случува.

„Последните три години немаат смисла со оглед на она што ми се случуваше во претходните 17“, вели Столевски. „Долго време бев невработен како филмски режисер“.

Откако реши да стане филмски режисер на колеџот Меклеод, тој сними 25 кратки филмови на 10 јазици, а истовремено пишуваше сценарија за играни филмови. Се пошегува дека специјалитети му се тешките жени и геј сексот.

Вториот филм на Горан Столевски, „Of an Age“, ќе го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Мелбурн во август.

Откако Столевски ја освои наградата за најдобар краток филм на филмскиот фестивал Санденс во 2018 година, холивудската компанија Фокус фичрс (Focus Features) сакаше да го поддржи неговиот проект „Ти нема да биде сама“ (You Won’t Be Alone) пред да сфати дека планира да го сними на македонски јазик, на јазикот на неговите баба и дедо.

„Ми понудија дополнителни 3 милиони долари за да го снимам на англиски јазик, но јас реков не и затоа дадов голем дел од мојот приход за да го завршиме филмот“, вели Столевски. „Но, имав среќа затоа што моите продуценти ми дозволија да кажам не, а и тие исто така мораа да реинвестираат дел од своите приходи“.

Столевски вели дека му биле потребни „35 години многу комплициран живот“ за да го направи својот прв филм, па затоа не сакал да прави компромиси.

„За мене е навредливо кога филмовите се одвиваат во источна Европа, но сите зборуваат англиски“, вели тој.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе