Министерката информира дека објектот ќе продолжи интензивно да се гради и во текот на оваа година, има средства од буџетот, како и реализиција на соодветните процедури.
„Нашата соработка од позиција на министер и градоначалничка продолжува понатаму во секоја сфера што ја тангира културата. Тетово е голем град, големи се потребите на граѓаните на Тетово, во секоја сфера во културата. Од тие причини продолжува во следна фаза, новиот објект на театарот и библиотеката. Веруваме дека заедно со другите институции, ќе биде реализиран делот од фазата за оваа година, а и понатаму. Наша цел е во најбрз можен рок да се заврши овој прекрасен објект“, изјави министерката Стефоска.
Според министерката, важна е соработката и во полето на зачувување на културното наследство.
„Тетово изобилува со културно наследство од различна природа. Иако институците на централно ниво се надлежни, нужна ни е соработката со локалните власти бидејќи на почетокот и на крајот овие институции им служат на граѓаните и е од интерес да функционираат. Во таа смисла е потребна поддршка на локалната самоуправа“, рече Стефоска.
Градоначалничката Арифи истакна дека се зборувало и за активностите од културата, имајќи предвид дека во пандемијата имало проблеми за реализација на настани.
„За нас како град е важна добрата соработка со Министерството за култура и од интерес да завршат побрзо работите на градењето на театар и библиотека, која е една голема потреба на градот“, изјави Теута Арифи.