Со одлука на министерката за култура

Стефоска ја разреши директорката на „Театар комедија“, по само месец и половина од назначувањето

Магдалена Ризова Черних е разрешена од должноста на в.д. директорка на Националната установа „Театар комедија". Министерството за култура информира дека министерката Ирена Стефоска го донесе ова решение за престанок на должноста поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон.

„Од страна на раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа 'Театар Комедија' – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, од страна на раководното лице и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа согласно Меѓународната фраскатиева класификација“, се вели во соопштението од Министерството.

Ризова Черних беше назначена за директорка на 24 ноември 2021 година, откако министерката ја разреши тогашната директорка, Нора Шаќири-Марковиќ.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе