Српско народно позориште гостува во МНТ

Српско народно позориште од Нови Сад вечер ќе гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Духот кој оди (Патот на Прометеј)" од Дејан Дуковски во режија на Александар Поповски.

На матичната сцена претставата премиерно била изведена на 15 септември 2015 година. Копродукција е на Српско народно позориште и Центарот за развој на визуелна култура.

„Текстот на Дејан Дуковски ја носи приказната за личната епопеја на главниот лик Мара, финансиски скршен шекспиролог во долгови ’до гуша‘, кој тргнува во ирационален поход против корумпираниот систем/општество. Режисерот Александар Поповски на сцената на Српско народно позориште создава утописка мелодрама за можниот Хамлет, кој наместо да размислува дејствува“, соопшти МНТ.

„Духот кој оди (Патот на Прометеј)“  доби Гран-при за најдобра театарска претстава на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“ во 2015 година. 

Во претставата играат актерите Ненад Пеќинар, Душан Јакишиќ, Милорад Капор, Игор Павловиќ, Страхиња Бојовиќ, Радоје Чупиќ, Јована Стипиќ, Гордана Ѓурѓевиќ-Димиќ, Алиса Лацко и Даница Грубачки. Сценографи се Таџисер Севинџ и Саша Сенковиќ, костимограф Марина Сремац, а на сценските движења работеше Иста Степанов.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе