Со претставата „Љубаф“ започна фестивалската програма на 11-от Интернационален театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Актерите од Градски театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска, вечерва настапија пред кривопаланечката публика со претставата „Љубаф“, со што и официјално беше отворена овогодинешната програма на 11-от Интернационален театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Претставата беше изведена пред полна сала на сцената на Националната установа Центар за култура Крива Паланка каде ќе се реализира програмата на осумте фестивалски вечери, сите со почеток во дваесет часот.

„Љубаф“ од Мјури Шисгал е во режија на Горан Рибариќ, во изведба на актерите: Матеа Марушиќ, Дориан Паулиќ, Дејан Фајфер и Владимир Андриќ.

Во рамки на фестивалската програма утре со почеток во 12 часот и 30 минути, во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка ќе се одржи промоција на книгата „50 години во Драмски и клоцата во…“ од Коле Ангеловски, а утревечер на репертоарот е претставата „Половњачи“ во изведба на Народен театар „Лесковац“ од Лесковац, Србија.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе учествуваат и театрите: општински театар „Невена Коканова“, Дупница, Република Бугарија, Драмски театар, Скопје, Драмски куклен театар -Враца, Бугарија,  Народен театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, Велес, Агенција за сценски изведби „Студио Призор“, Белград, Србија, како и Народен театар „Стерија“, Вршац, Србија.

Во рамки на придружната програма на фестивалот, во четврток ќе се промовира драмата „Брачниот живот на Зиме Замфирова“ на Трајчо Кацаров.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе