Снимателот на „Медена земја“ Фејми Даут во Вухан за филмот „Сезона на пеколот во Вухан“

Ова е нова реалност, изјави Фејми Даут, еден од двајцата сниматели на македонското ремек-дело „Медена земја", кој во март отиде во ризичниот Вухан во Кина да сними филм за коронавирусот чиј работен наслов е „Сезона на пеколот во Вухан".

Во интервјуто за белградскиот портал 021.rs, тој говори за тоа како требало да се снима филмот со работен наслов „Пеколна сезона во Вухан", работа во срцето на покраината Хубеи, како изгледале превентивните мерки за целиот тим, каде им бил строго забранет пристапот и дали има вистина во приказните дека Кинезите намерно го пуштиле вирусот од лабораторијата на теории на заговор или заговори без теорија.

„Добитникот на Оскар, Малком Кларк, кој двапати освои Оскар за документарен филм („Дама од бројот 6" и „Не мора да умреш") ја гледаше нашата „Медена земја" и таа беше причината да ме покани да соработувам на неговиот следен проект. Тој ме повика петтиот или шестиот дена по Оскарите, кажувајќи ми дека имаат приказна која треба веднаш да започне да се реализира, дека работи во американско-кинеска продукција и ме праша дали сум слободен да одам во Вухан. Требаше да се одлучам брзо и на 14 март завршив во Вухан“, изјави Фејми Даут.

Бргу се приспособил во интернационалната екипа и, вели, имал повремени проблеми кога на теренот наидувале на противречни информации, како на пример, „кога добивавме дозвола од централната кинеска влада да снимаме одреден објект, дозвола за движење, влез во одреден простор, но кога ќе пристигневме на лице место, локалните власти не ни дозволуваа да снимаме."

„Тие не ни дадоа пристап до воената болница, ниту на онаа што беше изградена за десет дена…Тие буквално физички го затворија пристапот до пазарот на кој сè наводно почнало. Полицијата стои насекаде и не дава пристап блиску. Во меѓувреме, надлежните во Вухан донесоа одлука да го урнат пазарот, да го срамнат со земја, физички да го елиминираат заради сомневање дека сè потекна од таму и затоа што, како што утврди инспекцијата, сè уште постои ризик од вирус. За време на мојот престој таму, тој сè уште не беше урнат“, кажа Фејми Даут.

Во екипата имале епидемиолог од Англија, Адина, која ги следела некој да не ја заборави маската, да не ја стави погрешно, која ги обучила како и по кој редослед што да носат, како да ја заштитат опремата, оддалеченоста, да се грижат за луѓето што ги снимале, а на секои седум до десет дена биле тестирани.

На прашањето дали во документарецот ќе има одговор на барем некои од силните прашања што си ги поставуваме во последните месеци, Даут одговори дека „секако дека ќе има одговори, но можеме да разговараме за тоа дури по монтажата, а идејата на режисерот беше објективно да покаже што ја иницираше епидемијата во Вухан, како таа стана можна."

„Градот беше отворен на 8 април, а потоа луѓето полека почнаа да се враќаат во некоја нормала. Започна животот, почнаа да излегуваат во кафулиња и на јавни места, но претпазливо, и не во групи. И тоа го прифатија целосно мирно и без хистерија, секогаш почитувајќи ги мерките за заштита“, оцени снимателот.

Во врска со теориите на заговор, тој за порталот 021 го даде следниот одговор:

„Ги слушнав тие приказни. Разговаравме со обичните луѓе, со многу лекари, експерти, научници, многу образовани и интересни луѓе со став. Мислам дека Западот помина повеќе време покажувајќи ја Кина како главен виновник и причина за епидемијата отколку што во суштина се справи со епидемијата и спречувањето на нејзиното ширење. Јас лично сметам дека тие не се во право и дека вирусот потекнува од друго место“, рече Даут.

Неговите впечатоци се дека светот во иднина ќе живее под вакви услови и дека ова е некоја нова реалност, додека за Македонија смета дека граѓаните, како што рече, се оперирани од страв дека вирусот е опасен и дека е доста несигурно и ризично.

За самиот филм очекува дека најдоцна до септември ќе има премиера. Веќе се подготвува за снимање на документарен филм со работен наслов „Ден на жената", во режија на Гоце Цветановски. Филмот раскажува за новинар кој е на трага на коруптивна соработка меѓу владата и мафијашки картели.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе