„Славната Флоренс“ – премиера на Турски театар

Во Турскиот театар вечерва во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска – Попова и според текстови на П.Квилтер, Н.Мартин, Џ.Коган, Б.Крајчевска, Д.Милошевска – Попова.

Автор и драматург на претставата е Билјана Крајчевска, сценографија е на Татјана Блажевска – Христоска, костимографијата на Розе Трајческа – Ристевска, кореограф е Игор Киров, композитор е  Ирена Поповиќ – Драговиќ, вокоал – коуч е Гонца Богоромова Краповски, корепетитор Зоран Станишиќ и во превод на Билге Емин.

Во оваа претстава играат: Бедија Беговска  во улогата на Флоренс Фостер Џенкинс, Џенап Самет – нараторот Ерл Вилсон, новинар и музички критичар, Артуро Тосканини, Карло Едвардс и Доктор Херман, Селпин Керим – Сент Клер Бејфилд (сопругот на Флоренс, нејзин менаџер и актер), Јеткин Сезаир – Козме Мекмун (пијанист и корепетитор на Флоренс) и Ебру Мусли – Кетрин Ведерли ( актерка – девојка на Бејфилд, Лили Понс – оперска пејачка и Девојката од публиката).

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе