„Скопје филм фестивал“ презакажан за во септември

„Скопје филм фестивал“ денеска соопшти дека е променет терминот на одржување, односно 23-тото издание на овој фестивал наместо во април, годинава ќе се одржи од 9 до 17 септември.

Ова одложување, како што информираат организаторите, е во согласност со препораките од Министерството за здравство.

Во своето соопштение организаторите најавија дека се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“, која требаше да започне на 18 март годинава, а која Фестивалот ја организира во соработка со Кинотека на Македонија.

За датумите на одржувањето на ревијата „Скопје филм класик“ јавноста дополнително ќе биде информирана.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе