Скопје филм фестивал класик: Проекција на култната комедија „Кој тоа таму пее"

Во летното кино „Мирно лето" (Кинотека), во рамки на „Скопје филм фестивал класик", ќе се одржи проекција на култната комедија на Слободан Шијан од 1980-та година насловена „Кој тоа таму пее".

Станува збор за нова, дигитално реставрирана копија на филмот кој своевремено беше прогласен за најдобра комедија на сите времиња на југословенските простори, а многумина светски критичари и автори го нагласуваа како еден од омилените филмови.

По повод оваа проекција, гостин на Кинотеката ќе биде Југослав Пантелиќ, директор на Југословенската кинотека и уметнички директор на ФЕСТ – белградскиот меѓународниот филмски фестивал кој годинава го одбележа своето 50-то издание – кој пред почетокот на филмот ќе говори за значењето на филмот.

Југословенската кинотека е основана во 1949 година од страна на Комитетот за кинематографија на тогашната ФНР Југославија, и е организациски поставена како и другите значајни филмски архиви. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.

Проекцијата на „Кој тоа таму пее“ е поддржана од културно-информативниот центар „Спона“ во Македонија и е во соработка со Српската амбасада во Скопје, а се прикажува во склоп на „класик“ програмата на годинешното издание на Скопскиот филмски фестивал.

Сценариото на филмот е на Душан Ковачевиќ, а во главните улоги се појавува плејада од врвни југословенски и српски актери како Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Славко Штимац, Неда Арнериќ, Ташко Начиќ, Боро Стјепановиќ, Бора Тодоровиќ, Миливоје Томиќ и други.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе