УМЕТНИЧКА СЦЕНА

Нова отворена сцена на кејот на Вардар за независна култура (ВИДЕО)

Пред Младинскиот културен центар на кејот на Вардар во наредните три дена ќе има нова јавна сцена создадена од група студенти, архитекти, граѓани, занаетчии и уметници. На сцената ќе се одвиваат театарски претстави, музички настапи и јавни собири од секаков вид – место за независна култура.

„Наутилус констракт (NAUTILUS KONSTRUKT) е интернационален колаборативен и активистички проект што потсетува на духот на времето по земјотресот во Скопје (1963) – отворен, космополитски и прогресивен град. Сцената претставува целосен контраст на неодамнешното менување на градот со опсежниот владин проект наречен „Скопје 2014“ и е водилка за слободен уметнички израз што го отелотворува активниот граѓанин“, велат луѓето вклучени во проектот.

Проектот е реализиран од невладината организација Сити креатив нетворк (CCN) Скопје и Тен од Цирих, заедно со многумина други поединци, групи и ентитети.

Ментори на проектот се Дамјан Кокалевски и Берит Саидел од катедрата на професорот Филип Уршпрунг од Цирих, а коментатори се Милан Диневски и Немања Зимоњиќ.

Еве ја програмата за овој викенд:

18 септември

19 ч.

SCH Презентација на книга + ACT4CITY дебата

(Милан Диневски & Дамјан Кокалевски – CCN, Скопје/Љубљана/Цирих)

Книгата SKOPJE CREATIVE HUB 2014: new content in public space е резиме и концептуален водич низ проектите, дискусиите и јавните програми, кои беа развиени и реализирани за времетраењето на десетте денови на SCH2014. Книгата ги открива заклучоците, предлозите и позадината на проектот, заедно со комплексниот контекст и специфичности на урбаното Скопје. Пред се, книгата го презентира нашиот кураторски пристап и аспект во процесот на планирање и реализирање на SKOPJE CREATIVE HUB 2014.

Најава и почеток на проектот ACT4CITY, кој е наша соработка со три регионални партнери: Експедицио, Котор; Министарство простора, Белград; Арт радионица Лазарети, Дубровник. Овој проект е поддржан од Балкански фонд за уметност и култура (БАК). Проектот има за цел да ги вклучи и анимира независните културни продукции како важен субјект кон остварување на одржлив културен развој, а воедно и одржливи балкански градови.

20 ч.

„Епицентар” Аудио/Визуелен перформанс

(Кристина Пулејкова & KNNT, Лондон/Скопје)

Пред сè ова дело го третира терминот Епицентар истовремено од сеизмолошки и метафоричен аспект, истражувајќи го градот како околина што е во постојано геолошко и социјално движење. Во овој контекст, сцената се третира како културен епицентар што има капацитет да ја „потресе земјата” под сегашната егoцентрична културна сфера во градот и да отвори нов простор за млади уметници што работат во разни креативни дисциплини. Земајќи ја сеизмографската база на податоци и сет на архитектонски објекти, Епицентар ги реинтерпретира и трансформира овие два параметри и ги претвора во моќно аудио-визуелно дело, кое предлага ново гео-урбано читање кое е специфично за Скопје.

21 ч.

ДЈ Сет Galatheia + Гиф Арт Никола Радуловиќ (Скопје)

Галатеа е млада, талентирана музичка продуцентка што се карактеризира со предаторска музичка елегантност. Заедно со визуалниот уметник Никола Радуловиќ и неговиот гиф арт ќе внесат свежина и нов бран креативност во скопското урбано случување.

19 септември, сабота

19 ч.

„СК2014″ Проекција на филм + видеообраќање на режисерката

(Кумјана Новакова, Емилио Гуера Делгадо, Гилермо Карерас Канди – БиХ/Kосово/Македонија/Шпанија)

СК2014 е естетски портрет на големата реизградба на Скопје, кој беше лансиран во 2010 од страна на владата на Р Македонија, попознат како „Скопје 2014”. Целта на овој проект е стилски и целосно да го промени урбаниот карактер на градот од социјалистичко-модерен во барокен и неокласичен стил.

20 ч.

„Колмар & Страсбург” Проекција на филм + разговор со уметникот

(gta Exhibiton & Каспар Мулер, Цирих/Берлин)

Си била еднаш една шапка. Висока шапка, искроена од парчиња виолетов текстил, црно и колоритно кадифе, не толку различна од онаа на Мед Хетер во Алиса во земјата на Чудата (1865) на Луис Карол. Мекоста на шапката се приближува на оние карикатурни шапки кои ги носат некои спортски фанови. Шапката е направена од мајката на уметникот Каспар Мулер, и се појавува во неговиот филм Колмар & Стразбур (2010), на главата на еден човек кој се движи и ги открива овие два градови, пешачејќи или на туристички брод.

21 ч.

„Етида” Импро сесија на студенти на ФМУ

Учество на студенти од ФМУ, Катедра за балетска педагогија, отсек современ танц. Учествуваат Сандра Неделковска и Бојана Додевска од класата на професор Искра Шукарева.

21:45 ч.

„ДВА” Аудио/Визуелен/Денс перформанс

(Александар Гроздановски, Александра Петрушевска, Битола/Берлин)

Обид да се опфати, што е можно попрецизно, оној момент кога дефинираното НЕШТО се руши, парче-по-парче, и наеднаш се трансформира во нешто бесформно, нешто ново. Се дистанцира од тоа што било претходно. Се менува.

22:30 ч.

ДЈ Сет Herzel (Битола/Берлин)

Herzel (Александар Гроздановски) е електронски музички артист кој живее меѓу два града, Битола и Берлин. Познат е по неговиот уникатен музички израз кој претставува фузија на модерни трендови во електронската музика.

20 септември, недела

19 ч.

„Иницијативи”

(Излез + Архитектонски факултет + City Creative Network – CCN, Скопје)

Панел дискусија на тема студентските простори во градот и работилница за урбано хаику со Зорица Петкоска.

Излез ги поттикнува студентите да размислуваат критички и да бараат креативни начини за изразување на своето мислење, ги информира и го поддржува нивниот личен развој и ги организира за да дадат придонес кон позитивни промени во високото образование во Македонија.

Изложба на студентите од Aрхитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје Учење архитектура / Архитектонски претстави”, Архитектонско студио 7 и Интегративно студио 2013/2014

*City Creative Network (CCN), изложба на фотографии на Ана Лазаревска од градењето на НАУТИЛУС КОНСТРУКТ, Јули/Август 2015.

20:10 ч.

ЏУН Музички концерт (Скопје)

Суштината на ЏУН е ентузијастичкиот дух на тројца инженери што се лудо вљубени во музиката. Бендот, со свежина во мешањето на музичките стилови како инди поп, американа и доза на акустичен кантри поп остава значителен белег на македонската музичка сцена.

21:30 ч.

Ghettoblast: ДЈ Сет Балтроник + ВЈ Сет Доротеј (Скопје)

Музичката селекција која црпи инспирација од деведесеттите кога ‘idm’ правецот доаѓа на сцена, но може да се слушнат и свежи ленти извадени од албумски изданија кои се излезени 2010/2015. Искршениот ритам и чилаут атмосферите одговараат на селекцијата од проекциите на различни аудио-визуелни однесувања што прикажуваат користење на звук и светло.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе