Синедејс - вечерва македонска премиера на краткиот филм „Соло мод“ на Тамара Котевска

Новиот краткометражен филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има македонска премиера вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар во склоп на програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Како што информира ОХО-продукција, „Соло мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19, снимен e во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин.

Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Весна Микиќ, а првпат на филм се појавуваат Иво Микиќ, Ена Микиќ, Павлина Димеска и Гоце Димески.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија. Котевска го снимила заедно со Фејми Даут, кој работел и на колор-корекција. Монтажата е на Мартин Иванов, дизајн на звук на Дарко Спасовски, а продуценти се Тамара Котевска и Илија Тирицовски.

Котевска заедно со Љубо Стефанов го режираше документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кој е единствен македонски филм досега со две номинации за Оскар.

Светската премиера на нејзиниот нов филм „Соло мод“ беше минатата година на 27. Филмски фестивал во Сараево, во официјалната селекција на кратки филмови. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе