„Синедејс 2022“ ќе биде отворен со премиера на филмот „Мими“

Дваесет и првото издание на фестивалот на европски филм „Синедејс" ќе биде отворено на 7 јули на покривот од ГТЦ со македонска премиера на долгометражниот игран филм „Мими" во режија на Даријан Пејовски. Филмот ќе се нагпреварува за една од наградиге на фестивалот. Под слоганот „Од високо подобро се гледа" од 7 – 14 јули фестивалот обединува повеќе од 50 филмови.

Мими ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара - млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има - мајчинството.

Улогите во „Мими“ ги толкуваат: Наталија Теодосиевска како Мими, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

Даријан Пејовски е автор на сценариото по кое е снимен филмот, Дејан Димески стави свој потпис како кинематографер, сценографијата е на Игор Тошевски, Емилија И.Атанасовска – костимограф, Ива Куробаса - шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.

Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Максима филм од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и истиот е направен со поддршка од Агенцијата за филм, ХАВЦ - Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе