„Шекспиријада“ на студентите од ЕФТА во велешкиот театар

Во петок, на 1-ви февруари, на Малата сцена на Театар „Јордан Х.К-Џинот", Велес со почеток во 20 часот ќе гостува испитната претставата „Шекспиријада" на студентите по актерска игра од Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕФТА" од Скопје од класата на професорот Дејан Пројковски.

Претставата е колаж на монолози и дијалози од повеќе драми на Вилијам Шекспир како „Венецијанскиот трговец“, „Макбет“, „Хамлет“, „Ромео и Јулија“, „Ричард трети“, „Отело“ и „Крал Лир“.

Во претставата настапуваат студентите: Никола Јанев, Андреј Лалчевски, Кристијан Саздовски, Марија Кондовска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска, Марија Баркова, Матеј Стојковски, Харис Салковски, Никица Јанковски и Томе Станковски.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе