На Меѓународниот фестивал Обањ

„Северниот Пол“ на режисерката Марија Апчевска доби награда во Франција

На 13-тото издание на Јуропеан шорт пич – Ниси Маса, проектот „Северниот Пол“ на режисерката Марија Апчевска ја доби наградата Меѓународен фестивал за филм Обањ (Festival International du Film d’Aubagne) и беше еден трите наградени проекти на сесијата одржана во францускиот град Брест.

Програмата Јуропеан шорт пич – Ниси Маса (European Short Pitch – Nisi Masa) е престижен настан чијашто цел е поттикнување на европски копродукции, развивање и создавање на интернационално признати филмови. Настанот се состои од три дела: работилница за развој на сценариото, онлајн-сесија и копродукциски форум, кој ги обединува режисерите, сценаристите и продуцентите на избраните проекти со филмски професионалци од цела Европа. Право на учество имаат земјите-членки на Европската Унија и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Србија и Украина. Од пријавените проекти, членовите на мрежата Ниси Маса номинираат 40 сценарија, по што жирито избира 16 финални проекти. Резидентната работилница за развој е под менторство на реномирани и наградувани сценаристи, режисери и продуценти, по што следи и онлајн-сесија за понатамошен развој.

Во рамките на копродукцискиот форум, пак, проектот „Северниот Пол” го претставија сценаристот и режисер Марија Апчевска и продуцентот Роберт Насков од Кино око. Во текот на изминатите години, голем дел од проектите развивани тука биле дел од престижни фестивали како Кан, Венеција, Берлин и многу други, што дополнително го потврдува значењето и квалитетот на работилницата и форумот.

Учеството на проектот на Јуропеан шорт пич – Ниси Маса е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе