„Руска зима“: Месец на класичен и современ руски филм во Кинотека на Македонија

Со Филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски" од 2007 година во режија на Карен Шахназаров, во Кинотеката на Македонија в понеделник ќе биде отворен Месецот на руски филм насловен „Руска зима". До крајот на февруари ќе бидат прикажани 25 класични и современи руски филмови, а поводот се 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Од наредниот ден (5 февруари) до крајот на месецот ќе бидат прикажани: „Соларис“,  „Андреј Рубљов“ , „Сталкер“ и „Ивановото детство“ на Андреј Тарковски; „Свој меѓу туѓинци, туѓинец дома“; „Семејни врски“ и „Неколку дена од животот на Обломов“ на режисерот Никита Михалков; „Иван Грозни“ и „Александар Невски“ на Сергеј Ајзенштајн; „Шетајќи по улиците на Москва“ и „Кин-Џа-Џа“ на Георги Данелија; „Ѕвезда“ на Николај Лебедев; „Ширли-Мирли“ на Владимир Меншов; „Моја мила и нежна ѕверка“ во режија на Емил Лотеану; „Најшармантна и најатрактивна“ на Гералд Бежанов; „Иван Василевич ја менува професијата“ на Леонид Гајдај; „Човекот од булеварот Капусин“ на Ала Сурикова; „Успение“ на Лариса Шепитко; „Оди и види“ на Елем Климов; „Дерсу Узала“ на Акира Куросава; „Канцелариска романса“ на Елдар Рјазанов; „Пат за Берлин“ на Сергеј Попов; „Се издава куќа со сите неудопства“ на Вера Сторожева и „Исчезната империја“ во режија на Карен Шахназаров со кој на 28 февруари ќе заврши филмската ревија.

Кинотеката го организира Месецот на руски филм во соработка со Амбасадата на Русија во Македонија и со поддршка на Агенцијата Русотрудничество.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе