На Институтот за етнологија и антропологија

Работилница за документарно снимање и монтажа со двајца тренери од Словенија

Oд 30 септември до 4 октомври во организација на Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) ќе се одржи работилница за документарно снимање и монтажа со двајца тренери од Словенија, Јоже Рехбергер и Марјан Крањц.

На работилницата ќе учествуваат студенти по етнологија и антропологија и сродни дисциплини, а целта е тие да ги научат основите на осмислување сценарио, теренска работа, ракување со камера, кадрирање и монтажа. Работилницата ќе се одржи на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, УКИМ. Настанот, кој ќе започне во 9 часот в понеделник, ќе го отвори проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на Природно-математичкиот факултет при УКИМ.

По завршувањето на работилницата, в сабота од 10 до 17 часот во Кинотеката на РСМ ќе се одржи петтото издание на ЕТНОФФ - Студентски фестивал на етнолошки филм. На него ќе бидат прикажани 16 кратки документарни филмови на студенти од речиси исто толку земји (Словенија, Мексико, Германија, Етиопија, Македонија и др.) што се занимаваат со актуелни и релевантни теми поврзани со културата, екологијата, религијата, родовоста и традиционалниот начин на живот наспроти модерноста. Истовремено на него ќе бидат презентирани и резултатите од спомнатата работилница.

Целокупниот настан е финансиски потпомогнат од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Институтот за етнологија и антропологија и од Природно-математичкиот факултет при УКИМ.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе